LEARN2GHROW

Insight Impulsi

Колку пати сте помислиле:

  • Како најбрзо да го вклучиме новиот вработен во тимот?
  • Кој да го обучи? Немаме време!
  • Што да го обучуваме, по кој редослед?

ОВА Е ПРОГРАМА ЗА ВАС!


ЗАПОЧНУВААТ УПИСИТЕ ЗА ВТОРАТА ГЕНЕРАЦИЈА
УЧЕСНИЦИ ВО ПРОГРАМАТА LEARN2GHROW/2

сега според дополнета и верификувана програма!

ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ

Со брзите промени во опкружувањето кои бараат нови, компетентни вработени, една потреба е приоритетна – да се најдат, обучат и задржат квалитени вработени, кои ќе обезбедат одржливост и резултати!

НОВИТЕ ВРАБОТЕНИ ОЧЕКУВААТ:

  • НАСОКА
  • ПОДДРШКА
  • ОБУКА
  • КОНТРОЛА
  • ФИДБЕК
  • МОТИВАЦИЈА
  • ОЦЕНКА
  • НАПРЕДУВАЊЕ
  • РАСТ НА ПЛАТАТА
  • ТРАНСПАРЕНТНИ ПРОЦЕСИ
  • ОХРАБРУВАЊЕ

КАКО ИМ ГО ОБЕЗБЕДУВАТЕ ОВА?

ВТОРА ГЕНЕРАЦИЈА – СЕГА СПОРЕД ВЕРИФИКУВАНА ПРОГРАМА!

Нашиот стручен тим во периодот октомври 2021-мај 2022 ја реализираше програмата „LEARN2GHROW – Раст на бизнисот преку развој на вработените“, во која осум компании добија конкретни знаења и вештини за вовед и менторство на нови вработени. Програмата беше поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ) и проектот Образование за вработување во Северна Македонија (Е4Е@мк).

Горан Дамовски

Директор

Швајцарска програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ)

Првиот циклус од програмата „ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕД И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ” – LEARN2GHROW/2“ успешно спроведен од двете компании „Импулси“ и „Инсајт“ се реализираше со поддршка на Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост (ИМЕ). Потврда за квалитетот на едукативната програма е континуитетот и верификацијата од страна на Центарот за образование на возрасни. Низ практичен и интерактивен пристап преку најдобри светски практики и методологии, учесниците во програмата стекнуваат вредни знаења од областа на човечките ресурси како градење организациска култура, коучинг, менторство на вработените и нововработените во компаниите.

commas

Борис Тримчев

Образование за вработување

Private Sector Lead

Програмата LEARN2GHROW се фокусира на едно од најважните прашања за секоја компанија: како на најбрз и најефикасен начин да ги вклопат новите вработени.

Менторскиот пристап и коучингот како дел од темите, особено ги ценат младите, кои имаат високи очекувања за брзо учење и напредок.

Комбинацијата од обуки и индивидуални сесии во програмата им овозможи на учесниците да изработат конкретни документи како модел за понатамошна примена.

Ја препорачувам програмата и консултантите.

commas

ВКЛУЧЕТЕ СЕ ВО НОВАТА ГРУПА - ПОЧНУВАМЕ ВО ОКТОМВРИ!

Одличниот фидбек кој го добивме од првата група, нè охрабри програмата да ја верификуваме во Центарот за образование за возрасни. Учесниците во новата група ќе се стекнат со државен сертификат признат на целата територија на Македонија. (клик до тестемонијалите)

Пријавувањето за новата група “ВЕШТИНИ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ” – LEARN2GHROW/2 е во тек!

Програмата ќе започне со реализација по формирање на групата.

ПЕТТЕ првопријавени компании ќе добијат БЕСПЛАТНО истражување со извештај за Индексот на емоционалната култура во компанијтата, според методологијата на GENOS International

https://genosemotionalintelligence.com/emotional-intelligence-course/

ПОБРЗАЈТЕ !

За првите 5 пријавени индивидуални учесници обезбедена е бесплатна сесија за кариерно советување и можност за реализација на пракса кај нас или некој од нашите клиенти.

1. ГЛАВНА ЦЕЛ, СОДРЖИНА И ТРАЕЊЕ

Главната цел на програмата е стекнување конктретни знаења и вештини за ВОВЕДУВАЊЕ И РАЗВОЈ НА ВРАБОТЕНИ, применливи во секоја компанија во секторите за управување со човечки ресурси, односно за целосен организациски развој. Стекнатите компетенции ќе можат да се применуваат за развој на вработените и во самата компанија со развој и примена на менторски програми од страна на обучените ментори.

Програмата во времетраење од пет (5) месеци во периодот октомври 2022-февруари 2023 и ќе се реализира преку четири (4), меѓусебно зависни и логички поврзани модули кои содржат теоретски и практичен дел.

Сите активности за успешно имплементирање на програмата ќе бидат соодветно распоредени во вкупно времетраење од деведесет (90) часа и ќе опфаќаат обуки во училница и/или онлајн обуки, пракса (преку студии на случај) и индивидуален менторски пристап како модели на учење.

По завршување на програмата учесниците ќе ги владеат следните основни знаења и вештини:

Компетенциите ќе ги стекнат преку следните модули:

2. ЗА КОГО Е НАМЕНЕТА?

Програмата е наменета за:

Со завршување на програмата секој учесник кој ги исполнува зададените критериуми за задолжително учество од 95% од планираните активности, комплетирано портфолио реализирани практични задачи и позитивни оцени од инструментите за оценување, се стекнува со сертификат за вештини за воведување и развој на вработени.

3. ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОГРАМАТА

ПЕТТЕ првопријавени компании ќе добијат БЕСПЛАТНО истражување со извештај за Индексот на емоционалната култура во компанијтата, според методологијата на GENOS International

https://genosemotionalintelligence.com/emotional-intelligence-course/

ПОБРЗАЈТЕ !

За првите 5 пријавени индивидуални учесници обезбедена е бесплатна сесија за кариерно советување и можност за реализација на пракса кај нас или некој од нашите клиенти.

4. ИНВЕСТИЦИЈА ВО ПРОГРАМАТА

Инвестицијата во програмата за еден учесник изнесува 1.190 ЕУР+18% ДДВ, во денарска противвредност по среден курс на НБРМ на денот на уплатата. За повеќе од еден учесник од иста компанија достапни се специјални попусти.

Повеќе информации на:

Враќање на инвестицијата:

Вештините од областа на управување со човечки ресурси се меѓу најбараните од страна на компаниите! Ова е инвестиција која брзо и многукратно може да се врати низ ангажман во одделите на човечки ресурси или со нудење на самостојни услуги (хонорарен ангажман или тн.freelance услуга)!

Со завршувањето на оваа обука, учесниците ќе знаат да:

За реализација на обуката потребни се минимум 10 учесници. Максимален број на учесници е 25.

ПЕТТЕ првопријавени компании ќе добијат БЕСПЛАТНО истражување со извештај за Индексот на емоционалната култура во компанијтата, според методологијата на GENOS International

https://genosemotionalintelligence.com/emotional-intelligence-course/

ПОБРЗАЈТЕ !

За првите 5 пријавени индивидуални учесници обезбедена е бесплатна сесија за кариерно советување и можност за реализација на пракса кај нас или некој од нашите клиенти.

5. СТРУЧЕН ТИМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА

СТРУЧНИОТ ТИМ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА НА ПРОГРАМАТА

Над дванаесет години тренерската екипа создава квалитни обучувачи и ментори преку свои, авторски програми и меѓународни сертифицирани метогологии, во над четириесет компании во Македонија и другите земји во регионот. Во продолжение ви го претставуваме нашиот стручен тим.

Биљана Велевска

Сертифициран обучувач, консултант за организациски развој и човечки ресурси

Биљана Велевска раководи со компанијата Самеримпекс Импулси (www.impulsi.com.mk) од 2000 година. Дејноста е консултанство од областа на менаџментот, организацискиот развој, управувањето со човечки ресурси и развој на кадарот. Велевска има огромно искуство во управување со проекти, консултантство, анализи, дијагностики и обуки, као во приватниот, така и во јавниот сектор, како во Македонија, така и во странство. Има над 10 години искуство со проекти во компании, особено во полето на менаџментот и управувањето со човечки ресурси, како што е планирање на човечки ресурси, планирање на анализа на работни места, регрутирање и селекција, мотивација, утврдување потреба од обука и развој, развој на наставни планови и програми, испорака на обуки, развој и спроведување на системи за управување со учинок, системи за наградување, кариерен развој. Биљана Велевска е магистар по Европски менаџмент на Europa Institute во Германија. Поседува сертификат за Обучувач на фасилитатори за Genos Emotional Inteligence, DISCFlow, Core Strengths (SDI). Сертифициран меѓународен обучувач на фасилитатори за кариерен развој (Global Career Development Facilitator), Key Performance Indicatiors практичар и Неуролингвистички практичар (NLP Practitioner). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни.

Наташа Ивановска

Сертифициран обучувач, бизнис коуч, консултант за човечки ресурси и маркетинг

Повеќе од дваесет години искуство на менаџерски позиции во компании специјализирани за човечки ресурси и развој на кадар, маркетинг и односи со јавност. Во 2011 ја основа ИНСАЈТ Груп, компанија за личен и организациски развој (www.insight.mk). Формално образование на Технолошкиот факултет во Скопје и постдипломски студии на Sheffield University - City College of Thessaloniki. Работни посети на Arizona State University (ASU) во Феникс, САД и деловни посети на компании и организации во Лос Анџелес и Лас Вегас. Од 2012, Ивановска има престижна специјализација за коучинг на програмата "Art and Science of Coaching" (TASC) при Ericson Coaching College од Торонто, Канада, која поседува „Златен Стандард“ при Меѓународната коучинг федерација (ICF). Има државен сертификат за обучувач на возрасни и за обучувач на обучувачи за возрасни. Има големо искуство во организациски развој на компании преку развој на вработените, воспоставување процеси и системи за работа со човечкиот капитал за постигнување на бизнис целите и овозможување одржлив развој. Други поважни квалификации се сертификација за Мастер обучувач и фасилитатор на Core Strengths (SDI), DISC Flow консултант, Сертифициран меѓународен фасилитатор за кариерен развој (Global Career Development Facilitator GCDF), Сертифициран KPI International Practitioner, Сертификат за Бизнис Коучинг на Нобл Менхентен Коучинг од Англија.

Марија Коваческа

Професор, Кариерен советник, Обучувач за возрасни

Повеќе од 20 години професионално искуство во областа на образованието како наставник, ментор и тренер за возрасни. Од 2019 година е сертифициран International VET teacher преку SFIVET (The Swiss Federal Institute for Vocational Education and Training). Импресивно искуство во креирање програми, материјали и алатки за обука, насочени кон планирање и спроведување на активна методологија, градење преносливи вештини, поврзување на СОО со пазарот на трудот, градење капацитети на организации, советување за кариера итн.

Како меѓународно сертифициран советник за развој на кариера (GCDF – Global Career Development Facilitator), oд 2012 год. активно спроведува советување за кариера, професионална ориентација и градење вештини за вработување за ученици, млади невработени и ранливи категории граѓани. Во нејзиниот разновиден опсег се и искуствата како бизнис ментор на мали претпријатија со користење на современи алатки и техники за развој и унапредување на организациите и градење ефективни работни односи во нив. Сертифициран обучувач и фасилитатор за Strengths Deployment Inventory (SDI). Клучна цел во нејзината посветена работа е да ги зголеми капацитетите на младите и жените и да им помогне да развијат вештини за вработување и самовработување, како и да придонесе за зголемување на економскиот и деловниот развој. Сопствените професионални капацитети ги гради преку континурани обуки во земјата и странство (Швајцарија, Англија, Ирска, Шпанија, Хрватска, Полска). Со својот позитивен пристап, одговорност и посветеност, воспоставува односи на почитувани со сите свои клиенти и соработници. Ориентирана кон обезбедување поддршка и помош, како волонтер на Црвениот крст, таа реализира активности за градење лидерство и меки вештини меѓу младите.

Иван Христов

Дипломиран психолог, гешталт психотерапевт и сертифициран Genos International Emotional Intelligence Practitioner

Иван е професионалец со долгогодишно искуство работејќи на домашни и странски проекти во областа на образованието и човечките ресурси. Во моментов е активен на неколку проекти поврзани со човечките ресурси за регрутација и селекција, проценка на вработени, изработка на описи на работни места, обуки и фасилитирани работилници. Силно ориентиран кон развојот на вработените и нивното задоволство од работата, кое води кон развој на компаниите.

Верува дека со свесност за можностите за развој и преземање одговорност, промените кај компаниите и вработените се возможни. Во програмата LEAR2GHROW 2021-22 беше вклучен во делот на административна поддршка, координација, комуникација со компаниите и поддршка во реализацијата на проектните активности.

Изјави од претходни учесници во програмата

Мартина Димеска

Директор на проекти

MPG Solutions

Програмата LEARN2GHROW e одлична програма која би ја препорачала на секоја компанија која што е заинтересирана за раст на работата, но и на вработените. Навистина одлична комбинацијата од обуки и индивидуален пристап со водење и прилагоден пристап кон секого во текот на целата програма. Секако би ја препорачала програмата на сите идни учесници.

commas

Ненад Стојоски

Директор на проекти

MPG Solutions

Програмата LEARN2GHROW – Раст на бизнисот низ развој на вработените ни помогна да ги подобриме процесите на работење, преку воведување на коучинг и менторство на нови и постоечки вработени со развој на нова менторска програма, бонус програма и индивидуални обуки.

Оваа програма ми помогна да ја идентификувам вредноста на континуираното учење и подобрување заедно со континуираниот развој на процесите на работењето како и луѓето. Исто така, стекнав знаење кое што го применувам во секојдневното работење и комуникација со тимот. Комбинацијата од обуки и индивидуален пристап ни овозможи да добиеме конкретна поддршка и совети од консултантите. Ја препорачуваме програмата на идните учесници!

commas

Огнен Караѓозовски

Менаџер

Хотел Сити Парк Скопје

Во рамки на програмата LEARN2GHROW, развивме корисни документи кои ни овозможуваат транспарентност и еднаква основа за сите вработени. Имаме и подобар процес на воведување на новите вработени што ни овозможува поголема прилагодливост во услови на недостиг на работна сила.

commas

Домника Стојческа

Менаџер

Специјал Градба/Панорама Хотел & Спа Крушево

Програмата LEARN2GHROW – Раст на бизнисот низ развој на вработените ни помогна да подобриме процесот за воведување и менторство на нови вработени, преку развој на менторска програма и обуката за менторство и коучинг. Комбинацијата од обуки и индивидуален пристап ни овозможи да добиеме конкретна поддршка и совети од консултантите. Ја препорачуваме програмата на идните учесници!

commas

ВИВАКС ДОО

 

 

Процесот за воведување и менторство на нови вработени, преку развој на менторска програма и обуката за менторство и коучинг секако ќе придонесе за раст на бизнисот и развој на вработените како клучен сегмент во одржувањето на една стабилна и добро организирана работна средина во компанијата.

Комбинацијата од обуки и индивидуален пристап ни овозможи да добиеме конкретна поддршка и одлични совети од консултантите. Ја препорачуваме програмата на идните учесници!

commas

Бујар Драла

Раководител на сектор за човечки ресурси

ФД „СН Финансии“ ДОО Битола

Програмата LEARN2GHROW во која учествувавме ни донесе нови сознанија за процесот за воведување и менторство на нови вработени.

Поставивме менторска програма за вовед, која како модел може да ја користиме и за други работни места.

Ни се допадна комбинацијата од обука и менторство. Тоа ни овозможи да добиеме конкретни совети и препораки од консултантите.

Искрена препорака за програмата и тренерите!

commas

Александра Велева

HR and People Development Manager

Intertec

Програмата ни беше од навистина голема корист во повеќе сегменти на нашето работење. Од една страна добивме големо hands-on искуство кое ни помогна во нашата менторска и лидерска програма. Од друга страна ни ги доближи придобивките на coahing-от како методологија која туку што почнуваме да ја употребуваме. Топло ја препорачуваме програмата на сите заинтересирани.

commas